Тимот на Probike е посветен на младите ентузијастички велосипедисти, на оние кои што го почитуваат екстремниот скок, сакаат да ја почувствуваат возбудата и го следат победничкиот чекор. Тоа сме ние, Probike, предводен од Лазе Миновски еден од првите основачи на Downhillot во Македонија.
Првите чекори на Лазе Миновски за Downhillot кој што е и воедно управителот на Probike се направени во 2000та година настапувајќи како самостоен велосипедист за подоцна да го пренесе своето знаење и да им ги овозможи на младите велосипедисти да ги почувствуваат светските брендови на екстремните велосипеди и останатите велосипедски компоненти.
Токму затоа, Лазе Миновски во 2007 та година ја отвори својата продавница и го оформи својот тим на верни клиенти и следбеници на Downhill-от. Тимот на ProBike не се клиенти, тие се следбеници на велосипедизмот, победничиот скок и добрата и фер трка.
Нашиот тим беше дел од следниве трки, каде што се негуваше Downhill-от, добрата трка и победничкиот скок.